Menschenjunges [Macedonian translation]
Menschenjunges [Macedonian translation]
Мал човеку, ова е твојата планета!
Овде е твојата дестинација, мало пакетче!
Добредојде, пријателски пакету!
Нека животот овде биде добар за тебе!
Значи сега конечно лежиш готов во лулката.
Уште си сосема свеж и нов
и јас се крадешкум доаѓам до тебе.
И само со голема самоконтрола ја победувам
љубопитноста да те извадам оттаму,
за воопшто да те разгледам за првпат подетално.
И така се задоволувам на твојот прв ден со тоа
да стојам нешто засрамен покрај твојата лулка
и да си замислувам што твојот живот може да донесе.
Нека да го осетиш и доживееш сето тоа
што е вредно да се доживее и што е важно во животот!
Нека да има уште ливади и дрвја и бубачки
кога ќе бидеш во возраста за собирање инсекти!
И нека засекогаш има шајки, џамлии, врвци, плетеници,
лепило, сок во прав, шарени фломастери и кремен камења,
шрафцигери, изолациски ленти, пластелин и сладунец
во изобилие во твоите џебови!
И еден ден ќе дојде денот кога ќе седам нелагодно,
вџашен од домашните работи што си ги добил.
Нема да можам да ги решам твоите задачи за сметање.
За составот, кој ти го напишав,
ќе бидеш многу среќен ако не те уапсат.
Но за отштета за сето тоа со тебе
ќе правам хартиени змејови, ќе бојам слики и ќе летам хартиени авиончиња
и ќе ти покажам како се ракува со апарат за заварување и пијано.
Неколку години потоа, после неколку крвави носови,
по безбројни фластери на удрени колена,
по искршени стакла на прозорци, уништени вазни,
неуспешни теории за воспитување;
по увидената неделотворност на строги показалци
двајцата заедно ќе правиме разни глупости,
секакви груби лудории и ќе ги чиниме сите оние работи
кои дотогаш сепак строго ќе морам да ти ги забранувам.
Нека ти успева многу од она што ќе си го зацрташ!
Биди среќен, ако се погоди и без разузданост!
Обиди се да го подобриш за малку твојот свет.
Биди добар колку е можно кон твоите браќа луѓе.
Ех, и тогаш ти посакувам да бидам добар татко,
да најдеш пријатели кои те сакаат
и да се забавуваш при големата авантура на Земјата.
„Крши нога„, многу работи се пред тебе!
- Artist:Reinhard Mey
- Album:Mein Apfelbäumchen