Булки [Bulki] [Transliteration]
Булки [Bulki] [Transliteration]
Од божји нишан не се бега, збогум стар пријателе,
некој асвалт кај и да е и мене таму ќе ме однесе.
Едни нема ни да трепнат,
на други може ќе им биде жал,
трети лажно ќе се фалат дека песни сум им пишувал.
А ти ќе речеш добар беше,
добар беше многу ме сакаше
и ќе згрешиш фала богу..
ТЕБЕ ТЕ САКАВ НАЈМНОГУ !!!
И ќе измисат за да те боли
се што за мене не си слушнала.
Но ти ќе знаеш по човек песот лае
само кога не го познава.
А над мене ќе никнат булки црвени ко мојта крв,
кога те запишав во срце душата ми беше сведок прв.
На пола пат преку планета,
таа ноќ ќе полета
една мала сина птица
да те најде и на дланки да ти заспие.
А ти ќе речеш добар беше,
добар беше многу ме сакаше
и ќе згрешиш фала богу..
ТЕБЕ ТЕ САКАВ НАЈМНОГУ !!!
А над мене ќе никнат булки црвени ко мојта крв,
кога те запишав во срце душата ми беше сведок прв.
И тогаш речи добар беше....
- Artist:Vlado Janevski