Staring At Your Window with a Suitcase in My Hand [Macedonian translation]

Мислиш дека ме познаваш, само затоа што го знаеш моето име
Мислиш дека ме гледаш, бидејќи ја имаш видено секоја црта од лицево
Сакаш да ме сакаш, само затоа што велам дека јас те сакам
Но дали е важно она што го зборувам да е вистината
Тебе ти треба некој, некој за кого ќе се држиш
Но ова не се филмови, а ние не сме хероите
Гледам во твојот прозорец со куферов во рака
Уличната светилка трепери како што автомобилите поминуваат, а на месечината не и е грижа
Чизмиве продолжуваат да чекорат, но срцево не разбира
Зошто гледам во твојот прозорец со куферов во рака
Реков дека те сакам, но кога се будиме едниот од нас плачел
Се свртуваш и се што кажуваш е: „Човеку, мислам дека умирам“
Нашата песна заврши, овој златен бенд се чувствува како јамка
Се коцкаш, зошто никој никогаш не мисли дека ќе изгуби
Гледам во твојот прозорец со куферов во рака
Уличната светилка трепери како што автомобилите поминуваат, а на месечината не и е грижа
Чизмиве продолжуваат да чекорат, но срцево не разбира
Зошто гледам во твојот прозорец
Светлината на љубовта може да те заслепи, додека да ги покриеш очите
и се обидуваш да најдеш причина за да не се збогуваш
Проклетството на секој морнар, кој стои на сува земја
Гледам во твојот прозорец со куферов во рака
Ноќта избледува, како и старава тетоважа
Срце и бодеж кои велат “Засекогаш“
Гледам во твојот прозорец со куферов во рака
Уличната светилка трепери како што автомобилите поминуваат, а на месечината не и е грижа
Чизмиве продолжуваат да чекорат, но срцево не разбира
Зошто гледам во твојот прозорец со куферов во рака
- Artist:Jon Bon Jovi
- Album:Destination Anywhere (1997)