Некаде во ноќта [Nekade vo nokta] [Russian translation]
Некаде во ноќта [Nekade vo nokta] [Russian translation]
Ко икона во собата ми стоиш,
те милувам со очи вљубени
а солзите кој може да ги брои,
би долетал, да можам да те спасам.
Во мислите сме толку блиску ние,
а вечерва сме толку далеку,
дај, Господе брзо сè да мине,
од спомени кај мене да се скриеш.
Некаде во ноќта таа писмо пишува
и во мисли со мене се љуби,
упорно кај неа цела ноќ се јавувам,
гласот мој ко воздишка се губи.
Не заспивам и за тебе се молам,
радиото е мојот пријател,
а вестите сè повеќе ме болат
се прашувам зар мора да е вака?
А секогаш по дождот иде сонце,
посакувам јас средба со тебе,
но, што можам со ова мое срце
да чекам, копнеам и да те сакам.
Некаде во ноќта таа писмо пишува
и во мисли со мене се љуби,
упорно кај неа цела ноќ се јавувам,
гласот мој ко воздишка се губи.
- Artist:Toše Proeski
- Album:Nekade vo nokta (1999)
See more