Careless Whisper [Macedonian translation]
Careless Whisper [Macedonian translation]
Се чувствувам толку несигурно
кога ја земам твојата рака
И те водам кон подиумот
Како што музиката привршува
Нешто во твоите очи
ме потсеќа на филмско платно
и се е само тажни збогувања
Рефрен:
Никогаш повторно не ќе танцувам
виновните стапала немаат ритам
Иако е лесно да се преправам
Знам дека ти не си будала
Требаше да знам подобро
од тоа да изневерам пријател
И да ја изгубам шансата која ми е дадена
Затоа никогаш не ќе танцувам повторно
како што танцував со тебе
Времето никогаш не ќе го излечи
безгрижниот шепот на добриот пријател
За срцето и умот
Незнаењето е љубезно
Нема утеха во вистината
единствено болка
Рефрен:
Никогаш повторно не ќе танцувам
виновните стапала немаат ритам
Иако е лесно да се преправам
Знам дека ти не си будала
Требаше да знам подобро
од тоа да изневерам пријател
И да ја изгубам шансата која ми е дадена
Затоа никогаш не ќе танцувам повторно
како што танцував со тебе
Вечерва музиката звучи прегласно
Посакувам да се изгуби оваа гужва
Можеби вака е подобро
Ќе се повредивме со зборовите кои сакаме да ги изговориме
Можевме да бидеме толку добри заедно
Можевме да го живееме овој танц засекогаш
Но сега кој ќе танцува со мене
Те молам остани
Рефрен:
Никогаш повторно не ќе танцувам
виновните стапала немаат ритам
Иако е лесно да се преправам
Знам дека ти не си будала
Требаше да знам подобро
од тоа да изневерам пријател
И да ја изгубам шансата која ми е дадена
Затоа никогаш не ќе танцувам повторно
како што танцував со тебе
Сега кога те нема
Сега кога те нема
Сега кога те нема
Она што го направив беше толку погрешно, толку погрешно
Што мораше да ме напуштиш
- Artist:George Michael
- Album:Make It Big