The Sound of Silence [Macedonian translation]

Songs   2024-11-05 18:40:21

The Sound of Silence [Macedonian translation]

Здраво, мраку, стар пријателу

Дојдов пак со тебе да зборувам

Бидејќи една визија полека се привлекува

Ја оставила својата семка додека сум спиел јас

И таа визија што била вметната во мојот ум

Сеуште останува

Внатре, во звукот на тишината

Во немирни сништа, чекорев сам

По тесни улички поплочени со камен

Под ореолот на една улична светилка

Ја свртев јаката наспроти студот и влагата

Кога очиве ги прободе блесок неонска светлина

Која ја распоруваше ноќта

И го допираше звукот на тишината

И во голата светлина јас видов

Десет илјади луѓе, можеби повеќе

Луѓе кои зборуваа без да кажат

Луѓе кои слушаа без да чујат

Луѓе кои пишуваа песни што глас не ќе ги сподели

И никој не се осудуваше

Да го вознемри звукот на тишината

„Будали,“ реков јас, „па вие не знаете [дека]

Тишината е како рак кој расте

Чујте ги моите зборови, како би можел да ве научам

Фатете ме за раце, како би можел да ве дофатам“

Но моите зборови, како тивки капки дождовни паѓаа

И одекнуваа во бунарите на тишината

И луѓето се поклонуваа и се молеа

Пред неонскиот бог кој го создале

И неонскиот знак го оттрепери своето предупредување

Во зборовите што ги формираше

Па знакот кажа „Зборовите на пророците

Се испишани по тунелите на подземните железници

И влезови на згради

И се шепотени во звукот на тишината“

See more
Simon & Garfunkel more
  • country:United States
  • Languages:English, French (Haitian Creole)
  • Genre:Rock
  • Official site:http://www.simonandgarfunkel.com/us/home
  • Wiki:http://en.wikipedia.org/wiki/Simon_%26_Garfunkel
Simon & Garfunkel Lyrics more
Simon & Garfunkel Featuring Lyrics more
Simon & Garfunkel Also Performed Pyrics more
Excellent Songs recommendation
Popular Songs
Copyright 2023-2024 - www.lyricf.com All Rights Reserved