Der Fels [Macedonian translation]
Der Fels [Macedonian translation]
( - Се' може да се случи)
( - Да)
Кога темнината над мене се спушта и не запира да врне,
се лизгам, сопнувам и скоро ќе паѓам,
Tи си моја потпора и светлина на сите мои патишта,
моја поддршка и мој столб, мој бастун, мое тло и моја поткрепа.
(Рефрен 1:)
Она што сакам да го кажам е дека
се потпирам на тебе
ти верувам
ми требаш
како ништо друго на овој свет.
Кога сум осамен, слаб и беспомошен, се смрзнувам и се плашам,
тлото е нестабилно, паѓам и мака ме тишти,
ми даваш сила и сигурност за која сум жеден,
колку често веќе си ме спасил, поттикнал и носел.
(Рефрен 1) & ((Рефрен 2)
Она што сакам да го кажам е дека
ти верувам
имам доверба во тебе
се потпирам на тебе
Господе, ти си карпа.
Срцето ми е радосно и со мојата песна сакам да Ти се заблагодарам
за милоста и спокојството и среќата, кои ми ги откри,
за крепоста која си Ти и засолништето кои само Ти го даваш,
за љубовта, перспективата, спознанието, слободата, надежта и силата.
(Рефрен 1 & 2)
- Artist:Xavier Naidoo
- Album:Nicht von dieser Welt 2