Ako denot mi e noḱ [Ако денот ми е ноќ] [Danish translation]
Ako denot mi e noḱ [Ако денот ми е ноќ] [Danish translation]
Ако денот ми е ноќ
од сите ноќи ќе се разделам
ако денот ми е ноќ
од секој сон јас ќе се разбудам
ќе барам светлина за да верувам
за сѐ она што се буди
во мојот ден никогаш да не заспива
Ако денот ми е ноќ
ќе сковам ѕвездена потковица
зошто денот ми е ноќ
а барам само топла перница
кога денот ми е ноќ
со сите зборови јас ќе сум скарана
зборот штом се роди
тој по една мисла ќе убива
Реф:
Ако денот ми е ноќ
со топол глас јас ќе те милувам
ќе бидам како мала птица
и во твои прегратки ќе ти долетам
ако денот ми е ноќ
ќе барам светло сива темнина
зошто среќна јас ќе бидам
за секој ден што во ноќ се претвора
Ако денот ми е ноќ
нема да биде зошто тагувам
во секој ден што ќе е ноќ
ќе имам кому да се радувам
зошто денот ми е ноќ
а светлост в темнина
јас пак ке пронајдам
за сите ноќи јас ќе пеам
што во денови ќе се разлеат
Реф:
Ако денот ми е ноќ
со топол глас јас ќе те милувам
ќе бидам како мала птица
и во твои прегратки ќе ти долетам
ако денот ми е ноќ
ќе барам светло сива темнина
зошто среќна јас ќе бидам
за секој ден што во ноќ се претвора
- Artist:Kaliopi
- Album:Ako denot mi e noḱ (2001)