Што и да е, ќе помине [Što i da e, ḱe pomine] lyrics

Songs   2024-11-08 04:10:39

Што и да е, ќе помине [Što i da e, ḱe pomine] lyrics

Малечок бев и уште не знаев

дека плачат и возрасни

одеднаш глеј врз мојот хартиен змеј

капнаа солзи на мајка ми.

Восочни лица, оловна тишина

и прекриени огледала, еве ти парен број

донесе стариот мој и тивко шепна

Најмила, не ти е лесно знам

мислиш светот се распаднал

а секое лошо за добро е

што и да е ќе помине...

Стоиме вљубени јас и ти крај оној

јануарски мост желба в очи твои маслинести

до Мостар да направиш мост.

Околу нас ко пијани гласови

пејат ој машино стоти пат

место заклетва ти реков зборови

штом појдам да останат.

И не ти е лесно знам

мислиш светот се распаднал

а секое лошо за добро е

што и да е ќе помине...

Нашата љубов уште живее

има име и ангелски лик,

збунето стои на прагот

на стварноста со своите розови кошмари.

Твоето срце како лавица над неа бдее

и ноќи и дни место приспивна со

стара вистина и пришеш први солзи љубовни.

Не ти е лесно знам

мислиш светот се распаднал

а секое лошо за добро е

што и да е ќе помине..

Болката не значи да се предадеш

затоа не плачи ме имаш мене и гушни ме

што и да е ќе помине..

Ме имаш мене и гушни ме

See more
Vlado Janevski more
  • country:Macedonia
  • Languages:Macedonian, Croatian, English, Serbian
  • Genre:Pop, Pop-Rock, Rock, Singer-songwriter
  • Official site:http://www.vladojanevski.com.mk/
  • Wiki:http://en.wikipedia.org/wiki/Vlado_Janevski
Vlado Janevski Lyrics more
Vlado Janevski Featuring Lyrics more
Excellent Songs recommendation
Popular Songs
Copyright 2023-2024 - www.lyricf.com All Rights Reserved