Пролетна љубов во септември [Proletna ljubov vo septemvri] [Transliteration]
Пролетна љубов во септември [Proletna ljubov vo septemvri] [Transliteration]
Се почна ко на зезање
затворен семафор и бакнеж
и знаев дека на срце
со свилен чекор ке ми стапнеш
Зар требаше да помине
пола од животот да те сретнам?
Твојата прегратка ми е
точна по мерка ко ниедна
Со тие очи дно на душша допри ми
со тие усни име изговори ми
А ако еднаш отидеш и дојде бол
бар ке знам дека сум сакал некого
Превез од плиш и тантела
само за нас ноќта ќе сплете
Со тебе сум, најмила,
гладен за нежност како дете
На хоризонтот изгреваш
ко сјајна звезда пред да стемни
Биди ми засекогаш
пролетна љубов во септември
Со тие очи дно на душа допри ми
со тие усни име изговори ми
А ако еднаш отидеш и дојде бол
бар ќе знам дека сум сакал некого
- Artist:Vlado Janevski
See more