Напрај место [Napraj mesto] [English translation]
Напрај место [Napraj mesto] [English translation]
Уште еден град и ладна соба,
луѓе што ни име не им знам.
Ме продаваат ко скапа роба.
Гледам алчност на кило,
а топлина ниту на грам.
Негде дише таа што ја барам
со цвет во коса - од бога насликана.
А, овде сум со полна пепељара
и твојта младост ко поклон во чаршав завиткана
РЕФ
Напрај место, слатка сестро.
која и да си, ти ќе ме спасиш од лудило.
Напрај место, и лажи ме нешто.
Јас просто не смеам ноќва да сум сам
Велиш: За тебе сум чула сешто!
Велам: Остај тоа и љуби ме на раат...
Еве ти ладно срце и тело жешко.
Мојот карван ќе пројде, а кучиња нека го лаат.
РЕФ
Напрај место, слатка сестро.
која и да си, ти ќе ме спасиш од лудило.
Напрај место, и лажи ме нешто.
Јас просто не смеам ноќва да сум сам
- Artist:Vlado Janevski
- Album:Ima nesto posilno od se (2002)
See more