Јас сум ти пријател [Jas sum ti prijatel] [English translation]
Јас сум ти пријател [Jas sum ti prijatel] [English translation]
Овој ден, премногу е студен
Овој ден, по малку е и чуден
овде не си ти, но сепак јас сум океј
Се враќам во некои времиња тажни
За мене и тебе проклето празни
Бевме светови спротивставени
Ти беше луд да ме имаш мене
Јас бев луда да те имам тебе
Каде грешевме, сега јасно ми е
Не те познавав тебе
Не се познавав себе
рефрен:
Не знам колку сега далеку ти си ми
што да речам освен -- Прости ми, извини!
Јас бев горе-доле и бев лево-десно
сега знам јас сум ти пријател
Во мојот свет јас бев горе и доле
Во мојот свет бев и лево и десно
Во мојот мал свет, не постоеше ти
И бев глува, не сакав да чујам
И бев слепа, не сакав да видам
Имав сѐ, а барав уште од тебе
Не те разбирав тебе
и се повредив себе
рефрен
Понекогаш ја слушам тишината
Понекогаш ја молам тишината
Понекогаш, за миг, и јас сум тишина
што те довикува,
тишина што ти зборува
Јас сум ти... пријател
- Artist:Area (North Macedonia)
- Album:Nešto nedostasuva (2002)