Azija lyrics
Azija lyrics
Немој ноќва да ме будиш
ако мислиш да си одиш
немој ноќва да ме будиш,
пушти ме да сонувам
Под едно светло темно плаво,
каде ангели ми пеат
а твоите мали коси очи
мене ми се смеат
Јас бев медно цвеќе твое
ти дадов се што беше мое
сето добро, сето лошо, сето грдо и убаво
Реф:
Како Азија е голема желбата
јас тебе ноќва да ти кажам
колку ѕвезди гушкам јас
Азија е голема, но поголема е мислата на тебе
што ме гори, а ни една рана не остава
како Азија
Те молам немој да се грижиш
што од мене ти си одиш
и така можеби е добро,
подобро од предоцна
Ќе бидам едно цвеќе твое,
ќе збришам се што не е мое
сето лошо, сето грдо, сето неубаво
- Artist:Kaliopi
- Album:Oboi me
See more