Заљубил Димо три моми [Zaljubil Dimo tri momi] [Transliteration]
Заљубил Димо три моми [Zaljubil Dimo tri momi] [Transliteration]
Заљубил Димо три моми,
три моми Димо од три села.
Сите ги моми засакал,
една му била на срце.
Првата беше Орданка,
на лика лична убава,
на снага тенка, висока,
без неа Димо не може.
Другата беше Драганка,
Драганка мома убава,
со очи црни, маслинка,
без неа Димо не може.
Третата беше Јованка,
никој од рода немала,
со душа била богата,
таа му била на срце.
- Artist:Macedonian Folk
See more