Си заљубив едно моме [Si zaĺubiv edno mome] [Croatian translation]
Си заљубив едно моме [Si zaĺubiv edno mome] [Croatian translation]
Си заљубив едно моме
од малечко до големо,
дојде време да го земам, оф аман, аман,
падна моме, се разболе.
Јас отидов да ја видам,
ми побара понадица,
среде зима бело грозје, оф аман, аман,
среде лето - жолта дуња.
Јас отидов во чаршија,
да побарам понадица,
среде зима бело грозје, оф аман, аман,
среде лето - жолта дуња.
Ко се вратив од чаршија,
сретнав моме на носилка,
Бело лице потемнето
оф аман,аман
Црни очи затворени.
Двесто давам - спуштете ја, оф аман, аман,
Тристо давам - да ја видам.
- Artist:Macedonian Folk
See more