Bitte geh nicht fort [Macedonian translation]
Bitte geh nicht fort [Macedonian translation]
Те молам не заминувај!
Што и да направив,
што и да реков,
не верувај ниту еден збор!
Не мисли повеќе на тоа!
Во кавга често се кажуваат
зборови, за кои подоцна
длабоко се каеме.
Притоа, би сакало моето срце
целосно твое да биде,
бидејќи те сакам,
те сакам само тебе!
Те молам не заминувај!
Те молам не заминувај!
Те молам не заминувај!
Те молам не заминувај!
Остани близу до мене,
дај ми ја раката!
Ќе ти раскажам
за една далечна земја,
каде бес,
солзи не постојат,
никаква сила на светот
вљубените не ги разделува,
каде на широката полјана
не цвета љубовна тага,
каде заветот за верност
вечно трае.
Те молам не заминувај!
Те молам не заминувај!
Те молам не заминувај!
Те молам не заминувај!
Те молам не заминувај!
Не ме оставај сама!
Ако ме оставиш,
ќе се сруши небото.
Ајде, како некогаш
молчејќи крај прозорецот да стоиме,
замислени да гледаме,
како се дига маглата.
Се' додека на небесниот свод
полната месечина не се појави,
нашите две сенки
во љубов споени.
Те молам не заминувај!
Те молам не заминувај!
Те молам не заминувај!
Те молам не заминувај!
Верувај ми, јас
твојот копнеж ќе го ублажам,
секоја твоја желба
на овој свет ќе ја исполнам.
Се' ќе направам
што сум пропуштила,
за да станам жена
за која ти сонуваш.
Не ме оставај сама -
те преколнам -
не ме оставај сама,
бидејќи те сакам!
Те молам не заминувај!
Те молам не заминувај!
Те молам не заминувај!
Те молам не заминувај!
- Artist:Marlene Dietrich