Сон [Son] lyrics
Сон [Son] lyrics
Ти нарача пред година цела
Нежен прстен филигран
Јас накитив од коприна бела
Фустан навезан
Сон сонував на пајтон ме возиш
Зад нас ѕвонат камбани
До преку прагот в раце ме носиш
Но се раздени
Пуста остана желба невина
Сон си мина и ти си замина
Пепел направи
Солза гори во тие лаги огнови
Не знам кој е крив
Боже дај ми здив
Сила немам за да се исправам
И да продолжам за да можам
На денот да се радувам
Знам не е веќе сон ти штом стоиш
Пред мене да прозбориш
Збор толку многу нежно си кроиш
Ќе ме оставиш
Ти нарача пред година цела
Нежен прстен филигран
Јас накитив од коприна бела
Фустан навезан…
- Artist:Karolina Gočeva
- Album:Македонско девојче 2
See more