Кинисала Роса ју планина [Kinisala Rosa ju planina] lyrics
Кинисала Роса ју планина [Kinisala Rosa ju planina] lyrics
Кинисала Роса ју планина,
да си бере Роса росно цвеќе,
ден го брала Роса, ден китила.
Накитила Роса три товари,
товарила Роса, замркнало,
ја смркнало Роса, затемнило.
- Ој овчари, море, мили браќа,
каде има браќа таа вечер,
таа вечер, браќа, да ноќевам?
Ноќевала Роса кај овчари,
ја самнало Роса, товарила,
кинисала Роса да си оди.
Насмеа се Роса на овчари:
- Ој овчари, море, будалишта,
сретнал волкот, море, рудо јагне,
па не знаел, море, да го јаде.
- Artist:Macedonian Folk
See more