Каде сте, Македончиња? [Kade ste,Makedončińa?] [Ukrainian translation]
Каде сте, Македончиња? [Kade ste,Makedončińa?] [Ukrainian translation]
Илјада деветсто четириесет и осмата,
Егеј наш македонски солзи пролеа.
Од гради топли, мајчински,
дечиња се отимаа,
по светот се распрскаа,
детски игри оставија.
Каде сте, Македончиња,
каде сте, кај отидовте?
Жално плаче мајка егејска,
за вас плаче Македонија.
Далечна е пролетта, четириесет и осмата,
далеку е детството, детство минато.
Спомен тажен остана,
за родна куќа таткова,
зборот плаче мајчински:
- Мајка не заборавајте.
Каде сте, Македончиња,
каде сте, кај отидовте?
Жално плаче мајка егејска,
за вас плаче Македонија.
Европа, Канада, Америка, Австралија,
глас свој сложно кренаа Македонците.
И ние право имаме,
слободно да живееме,
во земја наша таткова,
мила Македонија.
Каде сте, Македончиња,
каде сте, кај отидовте?
Жално плаче мајка егејска,
за вас плаче Македонија.
- Artist:Macedonian Folk