Caruso [Macedonian translation]

Songs   2024-12-23 11:29:17

Caruso [Macedonian translation]

Тука каде морето блеска

и силно дува ветрот,

на една стара тераса свртена кон Сорентскиот залив

еден маж прегрнува една девојка

откако се изнаплакал

потоа го разбиструва гласот и повторно започнува да пее.

Те сакам многу знаеш,

ама толку, толку силно, знаеш.

Веќе е нераскинлива врска

која тече низ вениве, знаеш.

Ги здогледа светлата на сред морето,

си помисли на ноќите во Америка

но, тоа беа само светкавици

и белиот сјај на елисата.

Ја слушна болката во музиката,

стана од пијаното,

но, кога ја здогледа месечината која излегува од маглата

му се чинеше послатка дури и од смртта.

Погледна во очите на девојката,

тие очи зелени како морето,

потоа наеднаш таа пролеа една солза,

а тој помисли дека ќе се удави.

Те сакам многу знаеш,

ама толку, толку силно, знаеш.

Веќе е нераскинлива врска

која тече низ вениве, знаеш.

Силата на операта,

каде секоја драма е лажна

и каде со малку шминка и со мимиката

можеш да се претвориш во некој друг.

Но, двете очи кои те гледаат,

толку блиски и вистински,

принудуваат да ги заборавиш зборовите

и да ги збуниш мислите.

Така сè се смалува,

дури и ноќите во Америка.

Се вртиш и го гледаш твојот живот

како блесокот од елисата.

Ах да, тоа е живот кој завршува

но, тој не размислуваше многу за тоа,

напротив, се чувствуваше среќен,

и започна одново со своето пеење.

Те сакам многу знаеш,

ама толку, толку силно, знаеш.

Веќе е нераскинлива врска

која тече низ вениве, знаеш.

See more
Lucio Dalla more
  • country:Italy
  • Languages:Italian, Spanish, English, Unknown
  • Genre:Jazz, Pop, Rock, Singer-songwriter
  • Official site:http://www.luciodalla.it/
  • Wiki:https://it.wikipedia.org/wiki/Lucio_Dalla
Lucio Dalla Lyrics more
Lucio Dalla Featuring Lyrics more
Lucio Dalla Also Performed Pyrics more
Excellent Songs recommendation
Popular Songs
Copyright 2023-2024 - www.lyricf.com All Rights Reserved