Во име на Љубовта [Vo Ime Na Ljubovta] [English translation]
Во име на Љубовта [Vo Ime Na Ljubovta] [English translation]
Како маѓепсан, буден те сонувам
Ќе полудам сам, а не те ни знам
Како господар сам во ноќта цар
Кон тебе месечарам
Над мене блеснала целата вселена
Јас паѓам на колена во име на љубовта
Сама во себе заробена
Без тебе секоја секунда убива, полека
А јас не знам каде си
Во ѕвездена прегратка градот мој заспива
А јас сум некаде сама во ноќта изгубена
Чекам да ме спасиш ти
Знам баш како ти е сам
Во ноќта кога секоја секунда убива полека
Знам баш како ти е сам
Во ноќта кога паѓаш на колена
Во име на љубовта
Како маѓепсан, буден те сонувам
Ќе полудам сам, а не те ни знам
Како господар сам во ноќта цар
Кон тебе месечарам
Над мене блеснала целата вселена
Јас паѓам на колена во име на љубовта
Како по вода да чекорам
Во мисли тонам кон тебе и будна те сонувам
Но ноќва ќе те пронајдам
Знам баш како ти е сам
Во ноќта кога секоја секунда убива полека
Знам баш како ти е сам
Во ноќта кога паѓаш на колена
Во име на љубовта
(Знам баш како ти е сам)
(Во ноќта кога секоја секунда убива полека)
Знам баш како ти е сам
Во ноќта кога паѓаш на колена
Во име на љубовта
- Artist:Tamara Todevska
- Album:Vo ime na ljubovta