Те видов тебе и се заљубив [Te vidov tebe i se zaljubiv] [Transliteration]
Те видов тебе и се заљубив [Te vidov tebe i se zaljubiv] [Transliteration]
Те видов тебе и се заљубив,
и сакав да те имам јас.
И срцето да ти го подарам,
пак не можам сè да искажам.
Гласот твој е ангелски,
а думите ти се нежни.
Тешко е да те слушам јас,
срце имам но ќе изгаснит.
И твојата убава руса коса,
сплетена е со мека коприна.
Не си вода да те испијам,
a ни река да те препливам.
Дење и ноќе на тебе мислам јас,
o, ангел мој за тебе умирам.
И светот кога би се изменил,
ти ќе бидеш моја пак моја.
- Artist:Macedonian Folk
See more