Стојне ле, Стојне невесто [Stojne le, Stojne nevesto] lyrics

Songs   2024-11-05 14:15:43

Стојне ле, Стојне невесто [Stojne le, Stojne nevesto] lyrics

Стојне ле, Стојне невесто

саноќ е Стојна седела,

Стојана ми го чекала

од таја пуста меана.

Сва ноќ е Стојна седела,

до први петли, до втори,

девет вретена напрела,

кола дрва изгорела:

- Уште го нема Стојана

од таа пуста меана.

Тогај ѝ вели свекрва:

- Стојне ле, Стојне невесто,

легни си Стојно, преспиј си,

кога ќе дојде млад Стојан,

јас ќе те Стојно разбудам,

портата да му отвориш.

Само што ми Стојна легнала

ете го Стојан кај иде,

чука ми Стојан на порти,

нема ја Стојна да стане,

портата да му отвори,

Стојана да го пречека.

Бог да ја бие свекрва

што истрча порти отвори,

на Стојана му говори:

- Стојане сине, Стојане,

легнала Стојна, заспала,

не може порти д'отвори.

Стојане сине, Стојане,

сва ноќ е Стојна седела,

сва ноќ е она играла

со твојте девет чирака.

Сега си она легнала,

легнала, тешко заспала.

Луто се Стојан налути,

па извади ноже од појас,

убоде Стојна невеста,

убоде среде срцето.

Кога ја виде свекрва

на Стојан вели, говори:

- Што стори сине, што стори,

мајка се сине нашали,

сва ноќ е Стојна седела

и тебе ми те чекала.

Кога ја дочу мајка му,

извади Стојан ноженце,

самиот ми се прободе

и на мајка му говори:

- Наиграј се мајко, напеј се,

без сина, мајко, без снаа.

See more
Macedonian Folk more
  • country:Macedonia
  • Languages:Macedonian, Bulgarian, Greek
  • Genre:Folk
  • Official site:http://pesna.org/
  • Wiki:http://en.wikipedia.org/wiki/Music_of_the_Republic_of_Macedonia
Macedonian Folk Lyrics more
Macedonian Folk Featuring Lyrics more
Macedonian Folk Also Performed Pyrics more
Excellent Songs recommendation
Popular Songs
Copyright 2023-2024 - www.lyricf.com All Rights Reserved