Слушни ме мајко стара [Slušni me majko stara] [Transliteration]
Слушни ме мајко стара [Slušni me majko stara] [Transliteration]
Стара мајка седи,
разбојот го реди,
армас таа зема
да ми ткае, да ми спрема.
Тука момци нема,
туѓина ги зема,
па се сети мајка
и си заплака.
- Слушни ме, мајко стара,
тој друга не ќе бара.
В туѓина кога појде,
рече скоро ќе си дојде.
Слушни ме, мајко стара,
ветена не се дава,
или на него жена,
или сама до века.
Мајка платно бели,
три години цели,
в село момче бара,
кому жена јас да станам.
Сите печалбари,
еј, за пусти пари,
никој не се вратил,
не се оженил.
- Слушни ме, мајко стара,
тој друга не ќе бара.
В туѓина кога појде,
рече скоро ќе си дојде.
Слушни ме, мајко стара,
ветена не се дава,
или на него жена,
или сама до века.
- Artist:Macedonian Folk
See more