Повторно се заљубувам во тебе [Povtorno se zaljubuvam vo tebe] [Russian translation]
Повторно се заљубувам во тебе [Povtorno se zaljubuvam vo tebe] [Russian translation]
Пишува во книгите на мудрости
човек жив со време се ќе научи.
Точно е и звучи како вистина,
но не и во љубовта.
А нашата еднаш блескаше ко сонце
и сеуште в срце ми тлее светлина,
а тоа што за тебе знам скоро се
малку ми помага.
Повторно се заљубувам во тебе
ко лавиринт темен срцево ми е,
но само љубовта ко тајна лозинка
до тебе пак ме донесе.
Повторно се заљубувам во тебе
ко лавиринт темен срцево ми е,
но само љубовта ко ѕвезда водилка
до тебе пак ме донесе.
Меѓу нас едно „збогум долго стои
превисок ѕид за гордоста да прескокне
ме гледаш, а позната ти гори
искра во очите.
Повторно се заљубувам во тебе
ко лавиринт темен срцево ми е,
но само љубовта ко тајна лозинка
до тебе пак ме донесе.
Повторно се заљубувам во тебе
ко лавиринт темен срцево ми е,
но само љубовта ко ѕвезда водилка
до тебе пак ме донесе. (x2)
- Artist:Vlado Janevski