Последна заблуда [Posledna zabluda] [English translation]
Последна заблуда [Posledna zabluda] [English translation]
Има ноќи кога не можам да заспијам,
па во глава со тебе си разговарам.
Сѐ ти кажувам ко да ме слушаш,
сите тајни што ми се на душа.
Осојница, долу под браната на Маврово
до пролет чува лански снег, а сѐ процветало.
Така твојте траги во мене стојат…
Одамна си туѓа, а мене си ми уште моја.
Ти си мојта последна заблуда,
на некој чуден начин ти сеуште ми значиш,
но негде на дно на срцево ко да не ми фалиш ти,
туку ми фали таа што мислев дека си.
Те сонував како на Галичник босонога
бркаш пеперутки, а јас те сакам до Бога.
Небо полно птици, а една сива…
Ми велиш: „Со таква утре одам,
но ќе те помнам дур сум жива!“
(×2):
Ти си мојта последна заблуда,
на некој чуден начин ти сеуште ми значиш,
но негде на дно на срцево ко да не ми фалиш ти,
туку ми фали таа што мислев дека си.
- Artist:Vlado Janevski