Некогаш и негде [Nekogaš i negde] lyrics
Некогаш и негде [Nekogaš i negde] lyrics
Одамна веќе не знам и не умеам
без тебе да легнам, а да не помислам
каде си... ме мислиш ли и ти?
Одамна нема утро да ме осамне
без да праша зошто веќе не си крај мене
каде си... ме мислиш ли и ти?
Не знам како ти е друг штом те покрие,
ил сама во постела перница си гушнала?
Само знам -
Некогаш и негде ќе те сретнам пак
покрај мене ќе блеснеш ко светулка во мрак.
Со поглед ке ти раскажам
дека без тебе не можам
има нешто посилно од се.
Љубовта е ретка птица брлива
без причина ќе слета и без збор ќе одлета
некаде кај друг да запее.
Бакнежот е средба најубава на свет
мост на кој си идат душите во пресрет
а мојата те чека на пола пат.
Под кожа се уште те чувам
и претчувствувам:
Не знам како ти е друг штом те покрие,
ил сама во постела перница си гушнала?
Само знам -
Некогаш и негде ќе те сретнам пак
покрај мене ќе блеснеш ко светулка во мрак.
Со поглед ке ти раскажам
дека без тебе не можам
има нешто посилно од се.
Под кожа се уште те чувам
и претчувствувам:
Некогаш и негде ќе те сретнам пак
покрај мене ќе блеснеш ко светулка во мрак.
Со поглед ке ти раскажам
дека без тебе не можам
има нешто посилно од се. (x2)
- Artist:Vlado Janevski