Need You Now [Macedonian translation]
Need You Now [Macedonian translation]
Замисли совршени сеќавања
Расфрлани низ целиот под
Посегнувам кон телефонот,
зашто не можам да се спротивставам
И се прашувам дали некогаш сум ти во мислите
Мене цело време ми се случува тоа
Еден и петнаесет е, сам сум и ми требаш сега
Реков дека нема да се јавам, но загубив контрола и ми требаш сега
И не знам дали ќе можам без тебе, само ми требаш сега
Уште едно виски
Не можам да не гледам кон вратата
Посакувам да си дојдеш
Како порано
И се прашувам дали некогаш сум ти во мислите
Мене цело време ми се случува тоа
Еден и петнаесет е, сам сум и ми требаш сега
Реков дека нема да се јавам, но загубив контрола и ми требаш сега
И не знам дали ќе можам без тебе, само ми требаш сега
Да, подобро нека боли
отколку да не чувствувам ништо
Еден и петнаесет е, сам сум и ми требаш сега
Реков дека нема да се јавам, но малку сум пијан и ми требаш сега
И не знам дали ќе можам без тебе, само ми требаш сега
Ох, душо, ми требаш сега
- Artist:Lady A
- Album:Need You Now (2010)