Ne kažuvaj libe dobra noḱ [Не кажувај либе добра ноќ] [Transliteration]
Ne kažuvaj libe dobra noḱ [Не кажувај либе добра ноќ] [Transliteration]
Не кажувај либе добра ноќ
не оди дома рано ти,
најзгодно време е во ноќта
прекрасна е оваа ноќ за нас. [х2]
Сите спијат, а ние сме сами
користи драги ти мене,
милувај, бакнувај бескрајно
волшебна е ноќ за љубење. [х2]
Јас знам дека друга љубиш ти
јас знам дека друга мамиш ти
срцево мое е за тебе
и не би го дала јас за друг. [х2]
За мене пролет не развива
за мене цвеќе не цути
за мене ти си прва љубов
и последна ќе ми бидеш ти. [х2]
- Artist:Macedonian Folk
See more