Моме оди за вода [Mome odi za voda] lyrics
Моме оди за вода [Mome odi za voda] lyrics
Мома оди за вода
и беќаро по неа:
- Постој моме, почекај,
да ти речам до два збора!
Дејгиди моме убаво,
дејгиди севдо голема (х2)
- Да ми дадиш тро вода,
да олада срцето.
Се измами момето,
му подаде стомнето.
Дејгиди моме убаво,
дејгиди севдо голема. (х2)
Тој не фати стомнето,
тук ѝ фати раката.
Ја префрли на коњо,
ѝ го скрши прстено.
Дејгиди моме убаво,
дејгиди севдо голема. (х2)
Како ветар вејеше,
така коњот бегаше.
Како роса росеше,
така мома плачеше.
Дејгиди моме убаво,
дејгиди севдо голема. (х2)
- Artist:Macedonian Folk
See more