Каде се чуло, мамо, видело [Kade se čulo, mamo, videlo] [Transliteration]
Каде се чуло, мамо, видело [Kade se čulo, mamo, videlo] [Transliteration]
Каде се чуло, мамо, видело,
мома в зандани, мамо, да лежит,
за таткови си, мамо, борџови?
Девет години мома лежала,
никој ми мома, мамо, не барал,
никој ми мома, мамо, не видел.
На мајка книга моме пратила:
- Мајче ле мила моја, мајчице,
ај продај си мила мамо чифликот.
На бегот пари, мајко, однеси,
од зандани да ме мајко куртулиш.
Ќерче ле мила моја, ќерче ле,
бегот си пари, ќерко, не сакат,
туку ти го сакат, ќерко, лицето,
белото лице, ќерко, убаво
и твојата рамна снага висока.
Мајче ле, мила моја, мајчице,
девет години, мајко, си лежав
и уште девет, мајко, да лежам,
и уште девет, мајко, да лежам,
на Турчин лице, мајко, не давам.
- Artist:Macedonian Folk
See more